0 коментари 2 мин. читање 25 април, 2014

ИТ настан: Виртуелен Балкан 2014, остварива Утопија за видеоигри

Српската културна заедница Mikser, заедно со Level Up, стартува регонална платформа за развивање и дизајнирање на видеоигри кои ќе бидат посветени за промовирање и развивање на креативниот потенцијал на Балканот. Сите кои сакаат да земат учество треба да ја следат темата „остварива утопија“ и да користат симболика за денешното општество, како тоа би се претворило во некоја друга димензија, и дали е сликата на нашето општество само копија идеја која веќе не постои, но може да се креира во виртуелниот свет на видео игрите.

Сите креатори на видеоигри за PC се поканети да го креираат својот виртуелен свет, но и да споделат критики, идеи, ставови кои ќе бидат пренесени на интерактивен начин. Конурсот е објавен од 15-ти април до 15-мај, а конечните резултати ќе бидат објавени на 25-ти мај, 2014 година. Конкурсот е отворен за сите учесници од Балканските земји, а може да се пријавите како индивидуалец или како тим.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top