0 коментари 2 мин. читање 19 јуни, 2012

Facebook е интегриран во 24 отсто од 10.000 најпопуларни веб сајтови

Дали сте се запрашале колку е навлезен Facebook во вашите омилени сајтови? Неодамнешното истражување на Royal Pingdom  покажува дека во 10.000 водечки веб страни според Alexa, интеграцијата на Facebook е речиси 25 проценти. Заедно со споделувањето на содржини на друштвената мрежа оваа бројка се качува до речиси 49,3 отсто.

Втора мрежа по присутност е Google+, +1 копчето е присутно на 13,3 проценти од веб страните. А со линкови се присутни на 21.5% од почетни страни. Но, Google+ ни покажува дека иако е мрежа на која корисниците не трошат многу време, сепак веб сајтовите сакаат да имаат интеграции за полесно споделување на содржина.

Десет проценти од страните пак имаат Twitter виџети, а 4.3% имаат и „сподели на Twitter“ копче. Според бројот на линкови Twitter  се појавува на 41.7% од страните. За жал само 0.6% од страните имаат Linkedln интеграција, а копчето сподели на linkedln е присутно на само 0.3 проценти од страните.

Само според застапеност на копчиња „ми се допаѓа“ сликата изгледа вака:

  • 24.3%  Facebook;
  • 13.3%  Google+;
  • 10%  Twitter;
  • 0.6% Linkedln.
Но, ако ги споредиме сите линкови и виџети кои сајтовите ги имаат на веб страните, тогаш распоредот би изгледал вака:
  • 49.3% Facebook;
  • 41.7% Twitter;
  • 21.5% Google+;
  • 3.9% LinkedIn.

Со оглед на застапеноста на Facebook на мрежата, зачудува фактот што прилично лошо започнаа на берзата. Официјалното Facebook копче „ми се допаѓа“ се наоѓа на 7,3 проценти од почетните страни на анализираните компании.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top