Google издаде алатки со кои може да ѕирнете во блокчејнот на Ethereum

во Вести

Google претстави нов плагин за Google BigQuery кој на корисниците ќе им овозможи да го анализираат Ethereum. Алатката ќе им овозможи на корисниците интеракција со податоците во блокчејнот. Со ова за прв пат ќе биде овозможен целосен преглед на сите податоци зачувани во блокчејнот. Алатката овозможува и синхронизација на блокот преку читање на податоците на Parity од Google Cloud.

Софтверот овозможува дневно „повлекување“ на податоците од леџерот, вклучувајќи ги и трансакциите од паметните договори. Алатката дополнително и ги де-нормализира податоците и ги прилагодува за полесно разгледување.

Со новата алатка Google на дел од луѓето ќе им го олесни носењето бизнис одлуки. Ова е пред се поради можноста за визуелизација на податоците. Така во дел од примерите компанијата ја искористи играта CryptoKitties . Со податоците од анализата Google на пример можеше да покаже дека играта има најмногу ERC-721 трансакции на паметни договори.

 

Податоците за Bitcoin се достапни од претходно на BigQuery, а сега е додаден и блокчејнот на втората валута по популарност.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments