Друштвената мрежа на Google, стартувана пред седум месеци, сега има 90 милиони корисници, вели ко-основачот и директор на компанијата, Лери Пејџ. Тој ги откри бројките во финансискиот извештај на Google за четвртиот квартал.
„Јас сум супер возбуден за растот на Android, Gmail и Google+, кој сега има 90 милиони корисници глобално – што е двојно повеќе од пред три месеци.“, вели г. Пејџ. „Со градење на разбирлива врска со корисниците преку Google+ ќе креираме неверојатно искуство во нашите сервиси. Возбуден сум за тоа што може да го направиме во 2012 – има неверојатни можности да им помогнеме на корисниците и да го раснеме нашиот бизнис“.
Интересно, според него, 60 отсто од корисниците на Google се активни секој ден, односно 80 отсто се активни неделно. Но, дали навистина Google+ има 54 милиони корисници дневно?
„Забележите како Пејџ вели дека корисниците се ‘многу активни со нашите продукти’ – ‘продукти’ е множина. Тоа значи дека 60 отсто од луѓето кои имаат Google Plus профил користат некој Google продукт секој ден, но тој продукт може да биде Gmail, Google Documents, Google Calendar дури и Google Search. Google едноставно не ги дели бројките на колку од тие 90 милиони корисници всушност ги посетуваат Google+ страните секој ден, недела и месец.”, пишува Forbes.







