Mико Хипонен: Трите видови на онлајн напади

Дали слепо треба да и ја предадеме иднината на властите, бидејќи штом ја предадеме, тоа ќе биде засекогаш?, прашува eкспертот за компјутерска безбедност на F-Secure, Мико Хипонен, во својот TED говор.

Тој вели дека опасностите во онлајн светот може да се групираат во три категории зависно од напаѓачот. Првата група се онлајн криминалци чии мотиви се лесни за разбирање. Нивната цел се пари, а тие ги заработуваат тие пари користејќи тројанци и keylogger софвер за да пробијат сметки во банки и кредитни картички.

„Денеска се поголеми шансите да станете жртва на напад во онлајн светот, одошто тука во реалниот свет. Ова е сега очигледно, но во иднина ќе биде само полошо.“

Втората најголема група напаѓачи не се мотивирани од криминал и пари, туку од протест, мислење и шегите. Во оваа група се Anonymous и слични групи кои станаа се поактивни во последниве години.

Последната група, вели г. Хипонене, се властите. Најчесто во тоталитаристичките земји како Иран, корисниците користат валидни сајтови како Gmail бидејќи се побезбедни, но властите ги хакнуваат сертификатите или користат лажни, и со тоа успеваат да ги набљудуваат корисниците. Но, ова активност се забележува и кај западните земји. Неодамна, во Германија е откриен тројанец кој им овозможува на властите да ги следат целосно корисничките активности преку интернет.

„Често коментарот е ‘Зошто да се грижам, јас нема што да кријам?’. Но, тоа е аргумент кој нема смисла. Приватноста не е ставена на дискусија. Не е прашањето дали приватност или сигурност, туку прашањето е слобода против контрола. Сите права кои ќе ги дадеме на властите, ќе ги дадеме засекогаш.“

[youtube]VM7HQ_zbdIw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments