Google и Startit заедно ќе ја развиваат српската стартап сцена

во feature, Вести

Српската стартап сцена во својот развој ќе добие поддршка од Google. Станува збор за Google Developers Launchpad програмата со која Google ќе и помогне на Startit академијата.

„Партнерството го гледаме како значајно препознавање на потенцијалот на целата домашна заедница и препознавање на работата на многу организации на нејзиниот развој“, вели Вукашин Стојков ко-основач на Startit и директор на стартап академијата.

Помошта ќе биде во менторство, „know-how“ и куп информации од Google за најдобрите пракси за развој на компании. Поддршката нема да биде само онлајн, туку тимови и ментори од Google редовно ќе доаѓаат во посета на академијата, јави Startit.rs.

Се чини дека во Startit со право може да бидат горди на постигнатиот успех. Ваква поддршка од Google не само што е новост во регионот,туку ова е прв акцелератор во Европа поддржан од Google.

„Во Google Developers Launchpad сме возбудени што ќе работиме со Стартап академијата на понатамошен развој на српскиот стартап екосистем. Програмата Powered by Google Developers Launchpad постои со цел да го засили стартап екосистемот низ врвни акцелератори, помагајќи им да се зајакнат преку споделување искуство и ресурси“, вели Кевин О’тул од Google Launchpad.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments