Нов стартап од Дубаи понуди 10 милиони долари за хакирање на iPhone, Android, macOS и Windows.
Стартапот Crowdfense нуди 3 милиони долари за секој Zero Day пропуст. Она што е карактеристично е што компаниајта овие пари ги понуди јавно, а за ова ги извести и новинарите.
„Соработуваме единстено со најдобрите експерти за безбедносни пропусти. Се фокусираме на неколку одбрани можности со исклучиво структуриран научен пристап.
Сега оваа пракса која оригинално е тајна, стана стратешка за техничката индустрија, неопходно е да имплементираме добар бизнис процес, проверки и гаранции за сите засегнати страни“, велат од Crowdfense.
Crowdfense нуди награди исклучиво за оперативните системи. Сумите кои ќе ги испалат за Zero Day пропуст се од 500.000 до 3 милиони долари.

(PRNewsfoto/Crowdfense)
Дали компанијатаќе успее да ја подигне безбедноста со оваа невообичаена пракса или можеби нема да има никаков ефект, останува да видиме. Секако опасноста дека целиот проект ќе биде злоупотребен не може да се исклучи. Сепак мала сигурност дава транспарентноста која ја ветува Crowdfense.







