Google и Motorola работат на „X Phone“ и таблет компјутер

во Мобилни

Инжинерите во Motorola работат на „X Phone“, уред дизајниран од Google кој би требало да биде конкурент на Apple и Samsung. Но, од информациите кои стигнале до Wall Street Journal, работите баш и не одат најдобро и од Google наишле на препреки во развојот на овој уред.

Седум месеци откако Google ја купи Motorola, интернет гигантот започна да работи на уред за кој се надеваат дека неговите функционалности и можности ќе бидат најдобри на пазарот кога ќе биде објавен, во текот на следната година. Иако Google е познат по своите одилични веб услуги, сепак во хардверскиот дел баш и не стојат најдобро и се соочија со неколку проблеми поврзани со производството и синџирот на снабдување. Затоа и сите планови, како што е флексибилниот дисплеј, поврзани со „X Phone“ се одложуваат, вели изворот за WSJ.

Во моментот Motorola работи на развојот на паметните телефони „Droid“ и „X Phone“, а се очекува и излегување на „X“ компјутерски таблети. Извршниот директор на Motorola, Денис Вудсајд, во едно од неговите интервјуа изјави дека „вложувањето во луѓето и технологијата ќе направи нешто сосема различно од сегашните познати пристапи на уредите“.

Стратегијата на Google со Motorola е да ја зајакне својата позиција на пазарот за хардвер и истовремено да го намали бројот на производство на Motorola, и квантитетот да го претвори во квалитет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk