0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Со #Твитеркалендар против ракот на дојката

Во спонтана иницијатива 12 Twitter девојки, професионалните фотографи Владимир Тасевски и Димитар Петровски, и дизајнерката Гордана Војнеска креираа дигитален #Твитеркалендар кој ќе биде промовиран во недела, на 23.12, во кафе Ли, Скопје, во 20:00 часот.

Календарот ќе биде доделен како донација на Здружението за борба против рак на дојка Борка, кое ќе го користи за промоција на своите активности. Истовремено ќе биде одржана и продажна изложба на фотографиите кои се наоѓаат на календарот (портрети/актови), а собраните средства ќе се искористат за купување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со посредство на Црвениот крст на град Скопје.

Календарот по промоцијата ќе може бесплатно да се симне од сајтот на Борка, како и од партнерски сајтови кои се пријатели на акцијата, во форма на компјутерски позадини.

Браво за девојките од #Твитеркалендар:

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top