На вчерашното отварање на Google I/O конференцијата, покрај останатото, беше најавена и апликацијата Google Hangouts. Со оваа апликација, ќе може да комуницирате со пријателите од своите Google+ кругови преку паметните телефони кои работат на iOS или Android, а и преку некој десктоп прелистувач.
Апликацијата веќе им е достапна на Android корисниците, iOS и Chrome. За да го користите овој сервис ќе морате да се најавите со вашиот Google+ профил, а ќе можете да комуницирате со луѓето кои се во вашата листа на „Пријатели“ и „Фамилија“. За да можете да комуницирате со луѓето, тие мора да имаат Google+ профил.
Пријателите можете да ги пребарувате според име, адреса или телефонски број, а возможно е на иста конверзација да бидат присутни и повеќе луѓе.
[youtube]ahy3uRzRG9w[/youtube]
А да вклучите G+ sign-in нема да биде лошо