0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2015

Google Glass се покажува како одлична алатка за докторите

Идејата на Google да претстави паметни очила кои сите ќе ги носат наиде на проблеми откако луѓето се пожалија за приватноста и ограничените функционалности. Но, една индустрија најде вистинска намена на Google Glass. Oчилата се покажуваат како успех во медицината каде започнува да има посериозни инвестиции.

Најголемо внимание го привлече стартапот Augmedix кој успеа да собере инвестиции од 16 милиони долари за подобрување на здравствените картони. Augmedix работи на електронска верзија на картоните која ќе бидат презентирани директно пред очите на лекарот. Ваквите картони веќе се на тестирање во пет национални болници во САД, јави FastCompany.

Друг стартап Pristine работи на малку понаква технологија поврзана со Google Glass, кои треба да им помогнат на хирурзите. Идејата е да се донесе лекар-специјалист во хируршка сала со кого хирургот би можел да се консултира во текот на процедурата. Pristine во септември собра 5,4 милиони долари.

Слични технологии без сомневање веќе и самите може да смислите речиси во секоја индустриска гранка. Сервисер на телевизори, авио-механичар, доставувач кој преку Glass ја добива новата дестинација и рутата до неа. Очилата очигледно имаат примена во индустриите, но Google се уште не може да го направи Glass поинтересен за обичниот корисник кој не е прменогу воодушевен од „проширената реалност“.

[youtube]gevMHo5xL2g[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top