Google Chrome има скриена игра за кога немате интернет

0 коментари 1 мин. читање

Дали знаевте дека во Google Chrome прелистувачот има скриена игра? Играта може да ја играте секој пат кога немате пристап до интернет, а станува збор за едноставна игра во која сте во улога на препознатливиот диносаурус на кој треба да му помогнете да ги одбегне кактусите.

Играта започнува со притискање на Space-копчето по што под диносаурусот се појавува земја и почнува да трча, а вие со притискање на Space треба да му помогнете да ги прескокне кактусите. Иако едноставна, играта се разбира не може да дојде без hi-score кој ви покажува колку најдалеку сте стигнале во претходните играње додека чекаате да го поправат вашиот интернет.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top