Се чини дека таблет компјутерите и мобилните оперативни системи имаат огромен ефект врз декстоп оперативните системи. Прво дојде Lion OS X на Apple, и воведе еден куп новитети инспирирани од успешноста на iOS мобилниот оперативен систем, што е многу скратена верзија на OS X и се користи кај iPad и iPhone мобилните уреди.
Потоа го видовме обидот на Microsoft во преведување на карактеристики од мобилни оперативни системи, во нивниот најнов Windows 8, со тоа што Windows 8 ќе претставува најдрастичната промена на Windows оперативен систем досега, од перспектива на кориснички интерфејс.
Сега дојде на ред за Lion OS X да ги воведе новиот пакет промени повторно инспирирани од нивниот мобилен оперативен систем iOS, со тоа што сега гледаме тенденција да се синхронизара со термините, алатките, функционалноста на iOS. Овој пат, исто како со Snow Leopard итерацијата, Lion го добива Mountain префиксот и станува Mountain Lion 10.8.
Иако сè уште само развивачите на апликации имаат пристап до Mountain Lion, наскоро може да очекуваме дека Apple за сите ќе ја отвори новата итерација на нивниот главен оперативен ситем неодамна именуван OS X наместо Mac OS X.
Mountain Lion ќе биде со добро развиена iCloud интеграција, со тоа што вашите документи можете да ги запамтите и локално и нз серверите на Apple, поставени на вашиот iCloud профил. Сите сервиси поврзани со вашиот Apple ID се синхронизирани, значи iTunes, Mac App Store и FaceTime автоматски се поврзуваат со самото инцијално логирање во новиот оперативен систем. Apple воведе систем за нотификација во новиот iOS 5.0, сега планинскиот лав исто така добива систем за нотификација, сличен по форма и начин на функционирање на iOS верзијата.
Една голема новина е што Twitter ќе биде длабоко интегриран во Mountain Lion, како што е и во iOS 5. Се чини дека Apple започнува сериозна соработка со Twitter, но, интересно, не и со Facebook. Многумина претпоставуваат дека причината за ова е апликациите на Facebook и Apple, бидејќи и двете компании си го основаат бизнисот врз нив.
[youtube]tDv8kHRDeNw[/youtube]
Критиките насочени кон Gatekeeper варираат од стандардните обвинувања дека Apple сака да го направи нивниот декстоп оперативен систем, оградена градина, исто како со iOS, до обвинувања дека оваа алатка може да служи да се даде нефер предност на одреден софтвер пред друг.
Сите овие аспекти од новиот Mountain Lion 10.8 можат да се променат или усовршат додека да се овозможи овој оперативен систем за јавноста, затоа некои критики може да се залудни со тоа што во последен момент може да се променат некои карактеристики на овој оперативен систем.









Вчера излезе Lion, денеска Mountain Lion, али ок…