Wikipedia им се заблагодари на корисниците за собрaните 20 милиони долари

во Веб, Свет

Ги нема забавните, и малку досадни банери над секој текст на Wikipedia кои водеа до страната за донации. Сега тие се заменети со друг сличен банер кој им се заблагодарува на корисниците за успешното собирање средства за одржување на oнлајн енциклопедијата.

Wikipedia успеа да „дојдеме до целта“ која беше поставена на неверојатни 20 милиони долари. Над еден милион корисници донирале по пет, дваесет или сто долари.

„До секој кој помогна да се плати за Wikipedia и за сите Wikimedia проекти, и до тие кои не можеа да помогнат – ви благодариме што го направивте светот подобро место.“, вели Сју Гарднер од Wikimedia.

Овие пари и се потребни на непрофитната енциклопедија да плати за ресурсите за одржување на сајтот кој сега е петиот најпосетуван во светот. Скоро половина од буџетот се инвестира во подобрување на сајтот и софтверот, а остатокот за другите проекти и одржување на заедницата која допринесува со едитирање и споделување информации. Овој буџет ќе биде искористен за ова година. Од следната, повторно ќе треба да се донира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments