0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2011

Googlе+ е нивна мала верзија на Facebook, вели Марк Закерберг

Основачот на Facebook, Марк Закерберг во интерву за американската телевизија PBS одби да биде вклучен во „војна меѓу платформите“ со Apple, Google и Amazon, но не издржа да ги испровоцира Google исмејувајќи им ја нивната „мала верзија на Facebook”.

„Луѓето зборуваат за војна. Има многу начини на како компаниите можат да работат заедноа. Има вистински конкуренти таму, но не верувам дека ќе тоа ќе биде ситуација каде една компанија ги освојува сите нешта.“, вели 28-годишниот Закерберг.

„Google е на неколку начини по конкурентен и се обидува да направи своја мала верзија на Facebook. Кога ќе ги видам Amazon и Apple, гледам компании кои се екстремно израмнети со нас. Имаме многу разговори со луѓе од двете компании кои се обидуваат да најдат начини на како можеме да направиме повеќе заедно.“

Google+ стартуваше во јуни и сега само што стартуваше брендираните профили за сите свои 40 милиони корисници. Facebook, пак, има 800 милиони корисници, но иако е огромна разлика, се чини дека растот на Facebook се повеќе успорува.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top