Ако ги следите сите инвестиции во стартапите ќе откриете дека голем број на популарните личности се помалку гикови и заинтересирани за технологијата. Инвестицијата е привлечна бидејќи стартапите имаат добар бизнис потенцијал, бидејќи технологијата е лесна за разбирање лесно е и да се стави во бизнис контекст, да се дојде до идеја како да се профитира од неа, и бидејќи е кул да бидеш гик. Секако, ако се погледне другата страна, шансите на стартап да успее се многу поголеми ако имате познато име зад себе кое ќе привлече публицитет и интерес.
Еден од најпознатите инвеститори е Ештон Качер кој има инвестирано во бројни стартапи, од Foursquare до GroupMe, Hipmunk, Cheg, Flipboard, TinyChat, Blekko, Airbnb… Toj дури се обиде и во серијата „Two and a half man” да си ги изрекламира своите стартапи.
Kомичарот Вил Фарел e познат основач. Тој во 2007-ма го стартуваше сајтот Funny or Die, а денес има стартувано неколку слични проекти во различни земји.
Џастин Тимберлејк е уште една позната личност која инвестира во стартапи. Тимберлејк има инвестирано во Stipple и стартапот за фотографии, Dekko, но тој инвестираше и во MySpace по што доби позиција во пропадната друштвена мрежа која најверојатно ќе стане музички сервис.
Лејди Гага е добро познат гик. Таа еднаш изјави дека како дете сакала да работи во Google. Наместо тоа, таа денес инвестира во стартапи, поточно заедно со раперот Канје Вест инвестираа 7.5 милиони долари во Turntable.fm. Гага заедно со Zynga го стартуваше и GagaVille.
MС Хамер стартуваше свој интернет пребарувач, а и пејачот Питер Гејбриел има инвестирано во пребарувач The Filter кој ќе може да го предвиди интересот на корисникот и да најде содржина.
Гвинет Полтроу е основач на Goop.com. Сајтот е стартуван во 2008-ма и е наменет за добро здравје и продажба на продукти. Goop.com има 150.000 претплатници.
Од бројните други ѕвезди: Леаонардо ди Каприо има инвестирано во Mobli, стартап за гледање на светот преку очите на другите, Џон Траволта има инвестирано во литванскиот стартап за безбедност Aspica, Мадона има инвестирано во стартапoт за паркирање, Parking in Motion, раперот Лудакрис е вклучен во музичката мрежа WeMix, кошаркарот Леброн Џејмс е инвеститор во WePlay, старлетата Ким Кардашиан е ко-основач на сајтот за чевли, Shoedazzle, и секако тука е и Парис Хилтон која има инвестирано во Forevermark, апликација со проширена реалност за продавање накит.







