Google.com со редизајниран тулбар. Има место за други друштвени елементи?

во Веб

Една мала, но, интересно, доста видлива промена е што нагласувањето на линкот сега се наоѓа над активниот линк, а има поголемо разделување меѓу линковите што одговара на екраните со допир.
Други промени е што Google сега ви се обраќа по име кога сте логирани наместо по Gmail адресата. При кликање на името се отвара мени каде е излистана Gmail адресата и опција да се одлогирате од профилот, што претходно беше истакната на страната и полесно за кликање. Во истото мени се појавува и опцијата за променување на корисничкиот профил. На крај се наоѓа менито со опциите каде сега е излистана и полисата за приватност и веб историјата на тоа што е пребарувано.

Во принцип, редизајнираниот тулбар изгледа почисто, пофункционален за екрани со допир и поминималистички, нешто што сме навикнате да гледаме кај Google.

Но… тоа што е интересно е што TechCrunch претпоставува дека овој нов дизајн е всушност почетната фаза на Google+1 друштвените опции. Блогот се повикува на претходно објавени доверливи слики од интерфејсот на Google.com каде се забележува share опција, односно се претпоставува дека новиот редизајн на горниот тулбар е со цел да се направи повеќе место за новите друштвени опции. Како што се знае, веќе подолго време се очекува Google да претстави друштвени опции кои ќе ги поврзат нивните сервиси во вид на друштвена мрежа. Од некаде мора да се почне, нели?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Oliver Josimovski
Oliver Josimovski
15 years ago

tacno kalco

Martin Kalčo
15 years ago

videos*

Martin Kalčo
15 years ago

Koga ke stisnes Vidoes se gubi noviot dizajn se vraka na stariot

види ги сите огласи на kariera.it.mk