0 коментари 2 мин. читање 23 јули, 2013

Google Cloud Print сега е достапен и за Windows

Google го надгради сервисот за принтање преку облакот да биде достапен и на Windows. Сервисот на Google е корисен доколку сакате да испринтате нешто, а при рака ви е единствено вашиот Android паметен телефон, таблет компјутер или сличен уред.

Целта на Google е да го направи принтањето подостапно, поинтуитивни и покорисно. Покрај ова Google Print овозможува и споделување на вашиот принтер преку облакот за да дозволите пристап на другите корисници, но и со Google кој вели дека чува копија од документот се до моментот кога ќе се испринта. Ова, вели Google, е за да се осигура дека принтањето е успешно завршено. Засега услугата е овозможена за било кој принтер, но препорачани се Cloud-ready принтери.

За да ја користите апликацијата, потребнo е да имате инсталиран Google Chrome прелистувач. Принтањето преку облакот функционира на Windows XP, Vista, WIndows 7. Услугата е најпрактична за компании или училишта кои ќе можат да се поврзат со некој од своите принтери. Заедно со поддршката за Windows, објавен е и драјверот Google Cloud Printer кој овозможува принтање на документи директно од Windows апликации, пример Adobe Reader.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top