0 коментари 2 мин. читање 23 јули, 2013

Персонализираните мобилни магазини на Flipboard доаѓаат и на Веб

Омилената апликација на Стив Џобс, Flipboard, наскоро ќе ги донесе своите мобилни магазини и на Веб. Според Flipboard, Аndroid и iOS корисниците веќе креирале над 2,5 милиони персонализирани магазини кои ќе бидат понудени и на Веб преку HTML5 верзија.

Според Verge, веб верзијата на Flipboard ќе понуди динамично UI кое се прилагодува на големината на екранот, кое ќе ги распределува вестите и фотографиите соодветно, исто како што ги прикажува на таблет компјутер. Уникатното менување на страници ќе остане и текстот ќе се вчитува инстантно.

Flipboard стана популарна апликација бидејќи од старт понуди уникатна визуелна презентација на вестите, вклучувајќи ги и постовите од Facebook и Twitter. Подоцнежните верзии овозможија корисниците да си одберат содржина и со леснотија да си креираат убав персонален магазин. Најдоброто кај апликацијата е што не треба да сте програмери или дизајнер за да креирате убав блог, туку можете веднаш да имате визуелно прекрасен магазин кој ќе го споделите со пријателите и публиката која се гради благодарение на промоцијата од Flipboard. Ова лесно користење му дава на Flipboard предност пред блоговите, и со таков потенцијал воопшто не е изненадување што ќе се обиде да го освои Вебот.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top