Apple сега има милијарда претплати на над 250.000 уникатни подкасти на над 100 јазици. iTunes сега има над 8 милиони подкаст епизоди. Компанијата оваа пригода ја одбележа со додавање на нова iTunes страна во која подкастите се поделени под класика, актуелни или нови и забележителни, известува MacStories.
„Од комедија, вести и спорт до иновативни образовни содржини, но и многу повеќе, подкастот го трансформира глобалниот медиски распоред. Подкастите на iTunes започнаа во 2005 година, а од тогаш сме сведоци на безброј епизоди, било преземени или стримани.“, објавува Apple.
Подкастите се една од услугите кои имаат безрезервна поддршка од Apple, иако команијата засега не заработува од нив. Креаторите на подкасти се презадоволни од соработката со Apple. „Имаме одличен однос со Apple. Тие имаат одличен продукт, а ние имаме одлични содржини, одлично функционираат заедно,“, вели Зак Бренд за Cult of Mac.
Кој е вашиот омилен подкаст?