„Замислете си дека сте шијач во Банкок, и продавате рачно изработени и персонализирани одело за патувачите кои го посетуваат Тајланд. Стартувате веб сајт да го продадете вашиот продукт онлајн и приметувате дека поголемиот сообраќај на вашиот сајт доаѓа од странство. Како ќе одговорите на оваа интернационална побарувачка.
Веб сајтот прикажува разни информации за како еден бизнис ќе може да го најде правиот пазар за своите продукти и сервиси, да го преведе својот веб сајт и рекламниот текст (ова се однесува на Google рекламите) и како да допре до нови потрошувачи со релевантни реклами, користејќи веќе постоечки Google сервиси.
Како помош за откривање нов пазари Google ја објави и Market Finder алатката. Секој внесен термин автоматски се преведува на 56 јазика и користејќи ги пребарувањата на Google се прикажува каде во светот луѓето ги бараат тие продукти и колку.
