0 коментари 2 мин. читање 20 јули, 2012

Руски „сајбер бандит“ е уапсен за напади врз Amazon во 2008

Дмитри Олегович Зубака од Москва, 25, е уапсен во Кипар по сомневање дека стои зад два DDoS напади врз Amazon.com што се случија во октомври 2008 години. Обвинет и за  кражба на десетици илјади кредитни картички.

„Овие сајбер бандити сериозно им наштетуваат на нашите бизниси и нивните корисници. Но, старата поговорка се покажа како вистинита: раката на законот е долга.“, вели адвокатот Џени А. Дуркан која го води сајбер комитетот во американското Министерство за правда.

Рускиот хакер е обвинет дека нелегално ги напаѓал сајтовите на Amazon, Priceline.com и eBay со DDoS преку ботнет мрежа. Осомничен е дека ги напаѓал сајтовите „со заговор намерно да предизвика штета без овластување на заштитени компјутери, и на два наврати намерно предизвикал штета на заштитени компјутери резултирајќи во штета од 5.000 долари“. Покај нападите г. Зубака е осомничен и за поседување на 15 неавторизирани уреди, и кражба на идентитет и на податоци на 28.000 кредитни картички.

„Сајбер бандитот“ моментално е во притвор во Кипар и чека екстрадиција во САД каде може да биде осуден и до пет години во затвор.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top