0 коментари 1 мин. читање 27 септември, 2022

Добивајте го најважното за вашиот ден со Le Digest

Le Digest е едноставен напор да се смести најважното за еден ден во еден и-мејл. По активирање на услугата, секој ден ќе добивате и-мејл во кој можете да се потсетите за вашите настани и задачи кои ги имате вметнато во Google events и tasks. Потоа, добивате информација за дневната прогноза (време и температура) за денот, како и порака замислена да ве мотивира да го зграпчите денот.

Во зависност од вашите дополнителни интереси, од истиот и-мејл, добивате информација за најгласаните продукти на Product Hunt од претходниот ден, како и за топ петте приказни кои се на Hacker News.

За да почнете да добивате и-мејлови на дневно ниво, потребно е да направите корисничка сметка и да го прилагодите сервирањето новости според вашите интереси.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top