Bluetooth стикери со кои ќе престанете да ги губите работите

0 коментари 1 мин. читање

Да, добра прочитавте. Група на дизајнери успеја да развие стикери кои можете да ги залепите на вашите работи што најчесто ги губите и со помош на овие стикери да можете да следите каде сте ги оставиле.

Stick and Find стикерите се поврзани со апликација за паметните телефони, големината им е колку една монета, може да се поврзат со телефонот на далечина до 30 метри, а батеријата им трае околу една година. Апликацијата работи на тој начин што на екран ги прикажува објектите на кои се залепени стикерите, колку сте далеку од нив и во која насока, а со „двоен клик“ на екранот ќе го натерате стикерот да свети и испушта звуци.

Оваа идеја во моментов собра над 120.000 долари преку Indigoo за да се реализира, што се скоро два пати повеќе од зацртаните 70.000 долари. Одлична идеја и навистина од помош за таквите како мене што забораваат каде ги оставаат нештата или едноставно не ги приметуваат ако не им „викнат“. :)

[youtube]6lkiblLfkVk[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед