{mosimage} Паметното користење на друштвените мрежи може да направи еден настан подинамичен и успешен. Ова го видовме на дело на неодамнешната „Glocal: Inside Social Media“ конференција, чија тема беше користењето на друштвените мрежи како алатки за бизнис, култура, комуникација, медиуми, национализам….
Соодветно со тематиката на настанот, друштвените мрежи и онлајн алатките беа искористени да се престави оваа конференција на најдобар можен начин. Видео во живо, активно закачување слики на Flickr, блог постови со краток опис на презентациите, закачување на тие постови на Facebook, активно користење на Twitter… сето тоа придонесе да има интеракцијата меѓу публиката и презентерите.
„Публиката на еден вака организиран настан веќе не е толку поделена на оние кои се присутни на самото место и оние пред екран. Интеракцијата на двете групи се одвива во исто време без и да знаат нејзините учесници дека не се наоѓаат во истата просторија. Важно е дека ја следат истата содржина и се дел од истата дискусија.“ вели Дарко Булдиоски, еден од организаторите на „Glocal: Inside Social Media“.
Дарко објави пост „Како се организира успешен web 2.0 настан" на својот блог Komunikacii.net каде зборува за планирање на еден настан. Планирањето е во поголем дел свртено кон обезбедување на интернет, и тоа не една туку на две стабилни конекции.
„Обезбедете интернет. ОВА Е НАЈВАЖНО.“
{mosimage}
Интернетот е потребен не само за видеото во живо, пишува Дарко, туку и за управување на настанот без врска дали се работи за најувавање на пауза, промена во програмата или читање реакции и интеракција со публиката.
„Интернет публиката е публика која сака транспарентност“ пишува тој.
Затоа го прашав Дарко: Дали тоа значи дека интернетот т.е онлајн интеракцијата е неопходен за една конференција, исто како што е неопходен и проектор за презентациите?
„За да ви биде проекторот од корист мора да знаете како да го користите. Односно мора да знаете да направите интересна и пред се корисна презентација која ќе биде усогласена со она што ќе го зборувате. Истото важи и за сервисите за социјално вмрежување. Ако не ги користите соодвено и во рамките на нивната вообичаена прифатеност, не верувам дека ќе постигнете многу голем ефект.“ вели Дарко додавајќи „Можностите се големи и секако крајно позитивни. Од она што го видовме на Глокал, најубаво е кога презентерите одговараат на прашања поставени преку Twitter. :) “
Белешки, слики, твитови од „Glocal: Inside Social Media“ можете да видите тука или на официјалниот сајт, каде можете да најдете повеќе информации, како и ауди и видео материја.






