Ставете крај на непотребните апликации со O&O AppBuster

Windows 10 е исклучително добар оперативен систем, но доаѓа со исклучително многу, крајно непотребни апликации. Наместо да се помирите со судбината и да ги оставите да ви земаат простор, би можеле да се ослободите од нив со O&O AppBuster.

O&O AppBuster се испорачува во пренослива форма и, како таков, не бара никакви инсталирања за да го користите. По преземање и покренување на алатката, ќе добиете целосна листа од сите апликации кои ги имате на вашиот компјутер, дури и оние скриените. Во случај да сакате да избришете одреден програм, кликнете на кругчето до името на програмот, а потоа и на копчето Remove. Апликацијата ќе ви се најде и доколку сакате да реинсталирате одредени апликации кои по грешка сте ги избришале.

O&O AppBuster ви дозволува да избришете бројни апликации, но неговата употреба никако не се препорачува на почетниците, особено доколку сакате да избришете некои од скриените апликации. Дополнително, строго се препорачува да направите и System Restore, како би можеле да се вратите на безбедна точка, доколку системот не функционира беспрекорно по бришење на некоја апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments