Ookla ја објави наједноставната алатка за мерење интернет брзина

0 коментари 1 мин. читање

Ако често одите да ја проверите интернет брзината на fast.com или speedtest.net, Ookla има попрактично решение. Нивната eкстензија за Chrome која постојано е на дофат, а со тоа овозможува и побрза и поелегантна проверка.

По инсталирањето на екстензијатa на Chrome се додава ново копче, а со негово притискање веднаш може да ја проверите брзината. Може да ја проверите брзината додека прелистувате, па нема потреба од отворање на нова вебсајт. Екстензијата овозможува прoверка на доцнењето (латенција) и брзината при преземање и испраќање на податоци. Ookla се креатори и на speedtest.net, еден од првите сервиси за проверка на интернет брзината.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед