3 работи кои нѝ се допаднаа во долго-очекуваната Chivalry 2

Во случај да сте огромни фанови на крволочни битки од средновековното доба, Chivalry 2 ветува богато и незаборавно искуство каде се судираат армии до 64 играчи и ги пробуваат нивните вештини со бројни ладни оружја. Кои 3 работи највеќе нѝ се допаднаа кај продолжетокот кој го чекавме добри 9 години?

Уникатен борбен систем во хаотичен свет на непредвидливи фактори

Битките се засноваат на систем со едноставен концепт, но тешка изведба. Имено, во зависност од тоа кое копче ќе претиснете и како вртите со глувчето, така се однесува и вашиот лик. Од визуелна гледна точка, ова е исклучително јасно и на противникот кој, доколку е трпелив и перцептивен, лесно може да го предвиди вашиот напад и да осмисли соодветен контра напад. Интересно е тоа што можете и да блефирате и да пробате удар од горната страна, но во последен момент да се предомислите и да извршите директен удар од напред. А, додека вие се посветувате на интимен танц со едно лице, никако не смеете да заборавите на хаосот околу вас и на константните закани од залутани стрели или прикрадувачки сечила. Chivalry 2 се храни на ултимативен хаос во најчиста можна форма и никогаш не знаете какво непријатно изненадување ќе ве причека.

Четири разнолики улоги во еден крајно брутален свет

Доколку решите да играте со стрелецот, ќе пробате да ги разрешите пресметките од далечина и преку користење лак и стрела. На оние кои преферираат близина и употреба на долги, тешки оружја им ја препорачуваме улогата на Vanguard. Во случај да барате некаков баланс помеѓу овие улоги и користење штитови во паралела со ладни оружја, тогаш би можеле да си ги опробате силите со Footman. Нам, најмногу нѝ легаше улогата на витез кој имаше највеќе здравје, но, за жал беше исклучително спор. Независно од избраната улога, во кој било момент можете да се затрчате и да пробате физички да турнете некого, да одбиете заканувачки удар или пак да го завртите и фрлите оружјето директно во непријателот.

Секоја од четирите улоги функционира на уникатен начин и кога ќе научите како правилно да ја „носите“ улогата, ви се отвора исклучително крволочен и брутален свет каде на сите страни летаат испосечени екстремитети, а земјата, тревата и камењата стануваат потопени во крв. Се работи за реалистично и сурово графичко искуство, до тој степен да можете да ги земете отсечените глави од земја и да ги гаѓате непријателите со нив. Можеби забавно, но никако не се препорачува на помладата публика.

Дополнително, улогите можат да бидат проширени во еден вид „под-улоги“ кои отклучуваат малку поразлични параметри. Па така, Footman-от подоцна ја отклучува можноста за користење штитови.

Преубава и одлично оптимизирана графика и дизајн на звук

Chivalry 2 ја тестиравме на конфигурација со i5 7400 процесор и GTX 1060 графичка, со 16GB RAM. На висока графика, бевме изложени на бројни впечатливи детали и минимални сецкања кои беа присутни само на почетокот од секоја рунда. Низ поголемиот дел, искуството беше флуидно и задоволително. Бевме крајно импресионирани од огромната посветеност на тимот кон детали и во ниеден момент не регистриравме фаќање кратенки при дизајнирање на замоците, околината, оружјата или ликовите.

После неколку часа играње, бевме целосно вовлечени во бруталното средновековно доба и постојано сакавме да се навраќаме на мапите, не само поради битките, кои, доколку до сега не заклучивте, беа апсолутно феноменални, туку и за да откриеме некои детали кои првично нѝ побегнаа, како фактот дека има кокошки и дека можеме и нив да ги искористиме за гаѓање на непријателите. Сево ова е пропратено со реалистични и чисти звуци кои помагаат правилно да се ориентирате на хаосот околу вас, а и допринесуваат кон огромна сатисфакција, особено кога челик ќе удри врз челик, или при грозоморно обезглавување или кршење на черепот.

Chivalry 2 вреди да се провери, дури и да не сте фан на вакви игри

Не сме биле преголеми фанови на мрежни игри каде елиминацијата настапува по само неколку добро-темпирани удари. Земајќи го ова во предвид, некако и не се надевавме дека ќе бидеме премногу импресионирани од Chivalry 2. Мило нѝ е што тоа не е случајот со Chivalry 2. Се работи за одлично испеглано продолжение кое се конзумира и во кратки и во долги дози, со апсолутно почитување на вашето време, а прогресивната природа на отклучување левели и собирање злато за купување најразлични работи од козметичка вредност само дополнително го прави престојот пријатен.

На PC, Chivalry 2 е достапна само преку Epic Store, а за други платформи, како Steam, ќе дојде дури по 12 месеци.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post 3 работи кои нѝ се &#1… appeared first on […]

ит кариера

Writerity, Inc.

QA Tester Intern

Македонијалек доо

Програмер C + +

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

EVER NEAR DOO Skopje

.Net Solution Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk