Оваа епизода на GG започна со играта која несомнено ја одбележа неделата, а секако и периодот кој следи. Станува збор за новата „battle royal“ игра Apex Legends. Од она што го слушаме од ГГ, веројатно четворицата ќе може да ги сретнете во Apex Legends.
Без разлика колку е добра играта, секако нема да биде единствена тема во епизодата. Така можевме да слушнеме за зголемувањето на конкуренцијата помеѓу Steam и Epic Store, и секако Metro Exodus која е нова ексклузивна игра на Epic. Секако интересно е да се види и мислењето на Гораст, Данко и Бобо за конкурентите на Steam.
Во епизодата има простор и за излегувањето на Anthem, Subnautica: Below Zero и Kigdom Hearts 3.