0 коментари 2 мин. читање

Бесплатно справете се со бројните партиции со EaseUS Partition Master

Поодамна, ве запознавме со начинот на кој можете да имате целосна контрола врз партициите со MiniTool Partition Wizard Free. Апликацијата и понатаму останува одличен избор, а EaseUS Partition Master е само одлична алтернатива.

Овие програми се повеќе од неопходни доколку сакате да го поделите вашиот хард диск на повеќе партици. Имено, хард диск од 2 TB е многу полесен за справување кога се подели на три или четири „делчиња“, односно партиции; една, помала, за оперативниот систем, друга за личните фотографии и видеа, трета за музика и филмови (доколку сѐ уште не им пружате шанса на сервисите за стриминг), а четврта за игрите. Ваква или слична поделба е апсолутно можна со основната, вградена Windows алатка за партиции, но други, дополнителни алатки, како двете горе-споменати, можат значително повеќе.

EaseUS Partition Master free може да создава партиции, или да ја менува големината на веќе создадените; може да форматира, или целосно да избрише, како и да конвертира; може да менува букви на партиции, или целосно да ги сокрие од системот.

Во случај да префлувате содржини од еден во друг драјв, апликацијата ви дозволува да копирате дискови, како и да пробате да повратите изгубени податоци.

EaseUS Partition Master беспрекорно работи со хард дискови чија големина е до 8TB, а се испорачува и со алатка за чистење и оптимизација на хард дискот.

Последната тринаесета верзија се одликува со визуелно променет интерфејс и подобри можности за заштита на податоците доколку биде прекинат процесот на преселба, односно при промена на големина на партициите.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top