1 коментар 2 мин. читање 12 февруари, 2019

Airbnb под закана за високи казни во Париз

Се чини дека времето во кое сите со благ наклон гледаа на новите стартапи е завршено. Или можеби времето во кое на дел од стартапите им се гледаше низ прсти е завршено. Во ваква ситуација се Uber и Airbnb кои имаат сериозни проблеми со европското законодавство. Airbnb во Париз е соочен со казна од 12,5 милиони евра.

Причината за казната е кршење на локалните закони. Поточно овие закони дури и не ги крши Airbnb, туку граѓаните кои огласуваат станови на платформата. Краткорочно издавање на станови во Париз е дозволено единствено ако вкупното време е покусо од 120 дена. За да се пресмета ова време огласите мора вклучуваат број на регистрација. Овој број помага за следење на периодот во кој секој стан е изнајмен. Огласите на Airbnb се без овие броеви за регистрација. Сите огласи кои се без овој податок во Франција се илегални, но казната е на товар на платформата на која огласите се објавени, а не на огласувачот.

Висината на казната е 12 500 евра. Проценката е дека во Париз има над 1 000 локации кои се незаконски огласени. Ова ја формира вкупната казна од 12,5 милиони евра.

Одбраната на Airbnb е дека се обидуваат да ги исполнат барањата на француските закони, но и дека законот е неефикасен, тежок за спроведување и во спротивност со европското право.

По САД, Франција е втора држава по бројот на објекти кои се изнајмуваат на Airbnb. Само во Париз се огласени 65 000 локации и со ова е град со најмногу објекти за изнајмување на платформата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top