Оваа епизода на GG е првата оваа сезона во која претставуваат хардвер, иако и PlayStation Classic веќе ја видовме сезонава. Овој пат „специјален гостин“ во студиото е Asus ZenBook 14, тоа е оној лаптоп што има дополнителен екран на местото на мауспадот.
Во оваа епизода е и рекапитулацијата на Global Game Jam 2019 кој се одржи на 25 и 27 јануари во Скопје и Битола. Во оваа епизода може да ги прегледате игрите направени на двете локации во Скопје и Битола.
Ако сакате да прескокнете сè друго и да ја прегледате рецензијата на лаптопот скокнете до 1 час и 5 минути. Лаптопот доаѓа со повеќе од солиден хардвер. Процесорот е U: Intel Core i9-8950HK, Core i7-8750H или Core i5-8300H; 16 GB RAM; графичка картичка Nvidia GeForce GTX 1050 Ti 4GB; 1TB или 512GB PCIe SSD, 512GB или 256GB SATA SSD.
Што се однесува до игрите, тука може да ја погледате и Resident Evil 2.