0 коментари 2 мин. читање 16 октомври, 2015

Новата iOS верзија на Facebook ја цеди батеријата на телефонот

Најновата апликација за iOS на Facebook доаѓа со проблем кој ја цеди батеријата, јави TechCrunch. Процесите на Facebook продолжуваат да работат во позадина, дури и кога Background App Refresh e исклучен, што прави батеријата да се троши побрзо. Ова го потврди и Facebook кој вети дека ги разгледуваат причините за ова однесување на апликацијата и работат на решение кое нема да предизвикува проблеми.

Проблемот не е занемарлив бидејќи само Facebook празни 15 отсто од батеријата, вели Мат Галиган од Circa. „Бидејќи апликациајта не се исклучува кога ќе притиснете на home копчето, продолжува да го празни телефонот. Поради грешка апликацијата продолжува да работии, продолжувајќи го времето двапати“.

Со оглед на тоа дека друштвената мрежа работи на закрпа, апликацијата најверојатно наскоро ќе биде достапна со најновата надоградба, но дотогаш е можеби попаметно да се осигурате дека апликацијата е затворена, или да ја користите мобилната верзија наместо апликацијата доколку батеријата ви се троши пребрзо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top