1 коментар 2 мин. читање 14 јануари, 2015

GG.mk S01E14: No Man’s Sky e игра која се наградува сама

Во изработка е игра која може да го промени начинот како се креираат отворените светови. Игра која „сама си живее, постои и надградува“ вели Бобан во новата епизода на емисијата за игри GG.mk. Се работи за No Man’s Sky која е процедурално генериран универзум, односно игра чиј алгоритам и играчи ја креираат графичката содржина, и чиј отворен свет, екосистемите, флората и фауната се генерираат пред играчот. Тоа што ја прави играта револуционерна е што играта не бара ресурси, туку поради процедуралното генерирање ја прикажува само таа содржина која е важна во моментот за играчот. „Дури ни луѓето што ја прават играта не знаат што генерира играта“, вели Данко. Но, Гораст беше резервиран за играта, не поради новиот концепт, туку бидејќи на играчите им е важен гејмплејот, не тоа што се случува во позадина.

Покрај No Man’s Sky, во четиринаесетата епизода на GG.mk се рецензираше и Subnautica, и амбициозен хардвер кој беше претставен на Consumer Electronic Show 2015.

[youtube]SB7h66l1x-Q[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.
Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top