0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2015

Скоро сите имаат паметен телефон, а 9 отсто имаат паметен часовник

Над 80 отсто од лицата постари од 18 години кои се онлајн поседуваат паметен телефон, но само 9 отсто поседуваат паметен часовниk, вели анализата на GlobalWebIndex. Анализата е направена на 170.000 корисници над 18 години, во над 32 држави.

Можеби најинтересен е податокот дека PC-то е сè уште „крал“ бидејќи го поседуваат над 91 отсто од испитаниците, што можеби е изненадување со оглед на сериозното намалување на бројките во продажбата на персоналните компјутери.Кога се во прашање преносните оперативни системи, Android со 54% е убедливо пред iOS со 16 отсто, што покажува дополнително зголемување на јазот во корист на Android. Сопствениците на паметни телефони во најголем број 75 отсто, користат мобилен интернет и на него поминуваат околу 2 часа дневно.

Тоа што можеби е најинтересно е што единствено 27 отсто од 400 милиони корисници никојпат не користеле VPN за пристап до содржини. Најголем број од 400 милиони испитаници (150 милиони) доаѓаат од Кина. Наголем дел од корисниците користат VPN за пристап до Google Play, iTunes или Netflix.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top