Германскиот стартап Number26 и официјално е банкa

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Германскиот стартап за мобилно банкарство, поддржан од познатиот инвеститор Питер Тиел, Number26, конечно доби банкарска лиценца за да работи на територија на целата Европската унија. Заедно со оваа вест, компанијата објави и дека се ребрендира во N26, јави Venturebeat.

„Лиценцата за банкарство е важен дополнителен чекор, кој ќе ни овозможи значително да го промениме ланецот во банкарството. Ова ќе ни овозможи и значително да го збогатиме портфолиото на наши услуги. За нашите корисници ова значи пристап до најдобрите финансиски производи, директно во апликацијата“, вели Валентин Сталф.

N26 треба да биде решение на иднината за банкарство. Апликацијата овозможува брз преглед на нотификации кои доаѓаат со секоја уплати и исплата. Испраќањето пари е едноставно и може да се направи и преку преку имејл или SMS, а доколку корисникот забележи сомнителни трансакции од некоја картичка може веднаш да ја деактивира. Реактивирањето е подеднакво едноставно.

Сервисот кој е основан во Германија оперира во осум држави членки на Европската унија, а има повеќе од 200.о00 корисници. Новата банкарска лиценца ќе и овозможи на компанијта да се рашири и на нови пазари. Досега компанијата мораше да се потпира на Wirecard за дозвола за работа во Европа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk