0 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2016

Новиот Gorilla Glass ги штити телефоните од пад од 1,6 метри

Новата генерација на заштитно стакло за телефони и таблет компјутери од Corning, Gorilla Glass ќе може да го заштити телефонот и од падови од поголема височина. „Секоја следна генерација на Gorilla Glass јa поместува границата на технологијата за заштита на ново ниво. Gorilla Glass 5 не е исклучок, ја зголемува предноста која ја имаат телефоните кои ја користат заштитата на Corning пред конкуренцијата. Најголем дел од падовите на телефони се случуваат од висина помеѓу рамото и џебот на корисникот. Знаевме дека подобри перформанси при падови се важен и непоходен напредок“, вели Џон Бејн од Corning.

Стаклото ќе може да го заштити телефонот од падови од 1,6 метри во 80 отсто од случаите. Демонстрацијата за новинарите беше пад на телефонот од 1,6 метри врз парче шмиргла. Дел од испитаните телефони издржале и по 20 падови, а висината од 1,6 метри е отприлика висина на рамо за најголем дел на луѓето.

Неколку генерации на Gorilla Glass се најчесто користена заштита на екраните на паметните телефони и таблет компјутери. Од пред 10 години до сега над 1.800 различни модели и 4,5 милијарди уреди се заштитени со некоја верзија на Gorilla Glass, велат од Corning.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top