Европските стартапи собраа 4,1 милијарди евра инвестиции за три месеци

0 коментари 1 мин. читање

Над 4,1 милијарди евра во 782 инвестициски циклуси ќе го одбележат второто тримесечје на инвестиции во технички стартапи. Можеби најзабележителен е падот на инвестиции во стартапи од Британија, каде инвестициите се на најниско ниво од првиот дел на 2015 година. Наместо инвестиции во Британија, зголемени се инвестициите во компаниите од Германија и Израел.

Screen-Shot-2016-07-18-at-17.16.53

Второто тримесечје, од април до јуни, забележува благ пад во инвестициите и во инвестициските циклуси во однос на првото тримесечје на 2016-та. Тогаш беа инвестирани 4,9 милијарди во 808 зделки, јави Tech.eu.

Најголем пораст е забележан во инвестициите под 1 милион евра, но бројот на инвестиции помеѓу 1 и 5 милиони е намален. Сепак падот во однос на првите три месеци на 2016 година можеби е очекуван. Стануваше збор за рекордно тримесечје, а резултатите од овој циклус се подобри од сите во 2015. Оваа година е забележан пораст од 7 отсто, а бројот на инвестиции за истиот период е зголемен за 81 отсто.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top