Германскиот Filiago бара македонски партнер за продажба на сателитски интернет

во ИТ.МК

Германскиот интернет провајдер Filiago сака да влезе на источно-европскиот пазар, вклучувајќи ги и балканските земји. Компанијата бара партнери со кои ќе продава сателитски пристап до интернет на индивидуалци и компании.

Горан Бачев, македонскиот ИТ инжинер кој работи за германската компанија, oбјаснува дека Filiago има решенија за сателитски интернет кои не зависат од телефонски интернет, туку зависат само од извор на струја и чист поглед кон небото во правец на сателитот. „Исто така е интересно што имаме и опрема составена од самонасочувачки и лоцирачки антени кои се местат со едно притискање на копчето. Тие системи ги користиме за т.н Мобилни системи, односно се монтираат на кола, камион или камп приколка. Секако за тие системи не постојат граници и се поврзани на интернет каде што постои сателитска покриеност“, вели Горан.

Компанијата вели дека може да достави интернет до приватните корисници од брзина до 16Mbps даунлоад/1,5Mbps аплоад; односно 20Mbps даунлоад и 6Mbps аплоад за бизнис корисниците за кои сепак има повеќе пакети како: видео набљудување, интернет за настани, бродски системи, telemetry и можност за поврзување со ветерници и соларни системи како извор на енергија. Филиаго покрај интернет ќе нуди и VoIP телефонија, како и ТВ приклучок преку сателит.

„Секако дека постојат услови кои што треба да бидат испочитувани од страна на идните партнери, но нема ништо што не може да биде исполнето“, вели Горан, упатувајќи ги сите заинтересирани компании да се пријават на официјалниот сајт на Filiago.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments