0 коментари 1 мин. читање

Germ Defence е веб сајт кој ќе проба правилно да ве советува за справување со COVID-19

Доколку пробате да се информирата на интернет за справување со коронавирусот ќе наидете на најразлични совети. Некои од советите се далеку од безбедни и се замислени само да шокираат и привлечат внимание. Ништо повеќе.

Germ Defence е заеднички обид на истражувачите од Бет, Бристол, и Сауемптон за правилно советување за избегнување на короновирусот. Да, сајтот нема да освои награди во поглед на изгледот и начинот на кој се пласирани подотоците, но тоа се чини како минимална и исклучително субјективна непријатност.

Низ сите совети кои ги подготвиле истражувачите за вас, можете да поминете за десетина минути, а дефинитивно би требало да ја пополните и анкетата која, во зависност, од вашите одговори, ќе понуди совети скроени за вашата моментна ситуација.

Кога сте веќе тука, не го пропуштајте и одделот кој правилно ќе ве едуцира за ефикасно миење раце, како и со дополнителни совети за избегнување настинки и грипови.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top