0 коментари 1 мин. читање

Vaccinator Quest е игра во која испорачувате вакцини низ целиот свет

Вакцините се исклучително важни, но нивната масовна дистрибуција знае да е пропратена со огромни предизвици, особено во релативно-отсечени заедници.

Vaccinator Quest е ретро инспирирана игра која е направена од групата за кампањи ONE и има за цел подобро да ве запознае со предизвиците во оваа сфера.

На располагање имате три мисии кои треба да ги завршите што е можно побргу. За започнување на трката со времето, бирате автомобил или мотор, а потребно е да избегнувате најразлични пречки, проблематични мостови, управувате со дрон, како и да собирате токени за најразлични засилувачи.

Мислите дека вашите пријатели можат подобро? Vaccinator Quest ќе ви дозволи и да ги предизвикате останатите да се издигнат над вашиот резултат.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top