Ким Дотком ќе биде екстрадиран во САД

во Вести

Контроверзниот претприемач Ким Дотком се чини дека дојде до крајот на својата авантура со Megaupload. По 12 години борба со екстрадицијата, властите во Нов Зеланд одлучија да го испратат на судење во САД. Одлуката ја потпиша министерот за правда на Нов Зеланд, Пол Голдсмит.

Ким Дотком е роден во Германија и има германско и финско потекло. Основач е на супер-популарната платформа Megaupload која се користеше за споделување на фајлови. Беше јавна тајна дека дел од фајловите кои се споделуваа на платформата се со нарушени права на интелектуална сопственост.

Megaupload беше основана во Хонгконг и функционираше од 2004 до 2012 година. Нејзините корисниците можеа да постават и преземат различни фајлови, вклучувајќи филмови, музика, видеа и софтвер. Најголема предност на платформата беше едноставноста за користење и лесниот начин за споделување на големи фајлови. Поради ова, платформата набрзина се здоби со популарност и со милиони корисници.

By FBI Anti-Piracy – Public Domain

За жал, иако сѐ ова звучи фантастично, речиси од самиот почеток платформата беше обвиена во контроверзии. Главна причина за ова беа обвинувањата за нарушување на интелектуалната сопственост и споделување на заштитен материјал без дозвола. Поради ова, Дотком и директорите на платформата многу брзо станаа главни непријатели на медиумските компании и креаторите на содржини.

Во јануари 2012 година одделот за правда во САД ги заплени средствата на Megaupload и ја затвори платформата. Речиси истовремено основачот на платформата Ким Дотком беше уапсен во Нов Зеланд. Оттаму веќе дванаесет години се бори со барањата за екстрадиција и обвинувањата за криминал.

Затворањето на Megaupload ги исплаши сите слични платформи за споделување на фајлови. Не само што доведе до намалување на користењето на слични платформи, туку отвори и дебата за законите за интелектуална сопственост, пиратерија и платформи кои овозможуваат заштита на интелектуална сопственост. По ова, милиони корисници останаа без можност за споделување на фајлови. Полициската рација во Megaupload на еден начин играше улога во зголемувањето на популарноста на торентите кои се децентрализирани, а со тоа потешки за пронаоѓање и затворање.

Ким Дотком / Фотографија на Питер Харисон / Flickr / CC BY 2.0

Процената на филмските студија и издавачите на музика е дека работата на Ким Дотком и неговите соработници им нанеле штета во висина од 500 милиони долари. Претставниците на овие компании речиси сигурно ќе потенцираат дека платформата му донела 175 милиони долари заработка на нејзиниот основач.

„Послушната американска колонија во јужниот дел на Пацификот штотуку реши да ме екстрадира поради она што корисниците го поставуваа на Megaupload“, вели Ким Дотком во порака која се однесува на налогот за екстрадиција, пренесе Reuters.

Покрај екстравагантниот и луксузен живот на Дотком, сепак нема никакви цврсти докази за бројките за кои го обвинуваат студијата. Тој беше сопственик на огромна луксузна вила во близина на Оукленд, со приватни езера базени и низа други удопства. Ким беше и сопственик на луксузни автомобили, приватни авиони, јахти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk