Гејминг: Дали 2025-та ќе донесе повеќе и подобри игри од 2024-та?

Овој текст е дел од серијалот it.mk/2025 – Што ја одбележа 2024, а што нè очекува во 2025?, каде што консултираме експерти во своите области да ги кажат своите размислувања и очекувања.


2024-та година се покажа како одлична за игри, што може да се потврди и со нашите 350 рецензии и прегледи на игри. Стотици дигитални остварувања се натпреваруваа за вниманието на гејмерите, и по сѐ изгледа, така ќе биде и во 2025-та година. Со цел да ја испратиме 2024 ко што доликува и да се подготвиме за она што нѐ очекува во 2025-та година, разговаравме активни луќе во индустријата кои споделија што најмногу ги има импресионирано во 2024 и што очекуваат да биде во центарот на вниманието во 2025.

Разговаравме со Гораст Цветковски, MGI, GG.MK, Македонија и Лина Андерсон од Шведска.

Кој настан или игра ја одбележа гејминг индустријата во 2024 во Македонија?

Гораст: Од настани најтазе ми е A1 Game Fest 2024, потоа лансирањето на PlayStation 5 PRO, а како игра би го издвоил DLC-то на Elden Ring, Shadow of the Erdtree.

Лина: Мојот избор за игра на годината е всушност новата Лего игра: Horizon Adventures! Ги сакам и Horizon Zero Dawn и Forbidden West, особено нивната интригантна приказна која е како загатка што се обидувате да ја решите додека играте, зборувам за механиките – мислам, кој не сака роботи!Така, кога ја играв оваа Лего верзија на играта, беше навистина забавно и интересно да се види како тие ја земаа сериозната приказна и ликовите за да ги преточат во забавна и чудна верзија, која, сепак, ја има задржано душата од оригиналот. Ми се допаѓа и тоа што успеаа да ги задржат оригиналните гласови, мислам дека немаше толку добар впечаток да остави играта во спротивно.

Дали имаше нови технологии или трендови што значително влијаеја на гејминг сцената во 2024?

Гораст: AI на големо влегува во секој сегмент од гејмингот. На страна од наративите и процерудално генерирани зони… тоа го имаше и претходно, целото ползување на AI за апскејлање и хардверски перформанси за мене е фасцинантно. Машините кои ги прави nVidia се сѐ помали, а перформансите сѐ поголеми. Дополнително трендот да се направи Live Service игра продолжува. Се жртвуваат работни места, пари, проекти сѐ со цел да успее барем една од многуте игри што ќе загинат по пат.

Лина: Мислам дека вештачката интелигенција е една од новите технологии што најмногу влијаеше на индустријата за игри, и на добри и на лоши начини. ВИ е исклучително моќна алатка која може да помогне на секој тим, голем и мал. Само да можете да го користите Chat-GPT како соло програмер за да ги решите проблемите и да изнајдете нови решенија е исклучително значајно. Можете и да ја искористите ВИ за да ви послужи како личен учител, за вештини за кои претходно не сте се ни осмелувале да помислите!

Еден аспект за кој верувам дека ќе биде многу проблематичен е тоа што ВИ може да создаде уште поголем судир меѓу програмерите и непрограмерите, бидејќи менталитетот „само треба да притиснете едно копче“ ќе се форсира уште повеќе. Само затоа што имате алатки кои ви помагаат да работите, не значи дека не треба да имате знаење и да ја работите вистинската работа. Верувам дека ова само ќе го смени начинот на кој работиме, ништо повеќе.

Вештачката интелигенција, исто така, има многу темна страна, како што сум сигурна дека повеќето луѓе се свесни. Многу уметници веќе ги изгубиле своите работни места, бидејќи, на пример, би било поевтино да се користи вештачка интелигенција за да се направи концептуална уметност. На многу уметници, исто така, им беше искористена работа за да се тренира вештачка интелигенција без нивна согласност или финансиска компензација, што е многу погрешно.

Дали забележавте нови трендови кај играчите? Дали и колку се промени нивното искуство или очекување од игриците?

Гораст: Сѐ повеќе се игра FPS игри, но тој тренд започна пред неколку години и сега само продолжува. Интересно е што Soulslike игрите станаа мејнстрим и сѐ повеќе „вистински тешки“ игри излегуваат или треба да дојдат. Јас сум еден од тие поморадци што е тазе фан на овој жанр и ми годи и среќен сум што го „сфарив“.

Лина: Очекувањата од гејмерите драстично се променија во последните 10 години. Со оглед на тоа што енџините и алатките за игри стануваат помоќни, што често им овозможува на помалите инди-тимови да создаваат големи и визуелно зачудувачки игри, очекувањата од гејмерите се поголеми од кога било. Во исто време, секојдневно се објавуваат сѐ повеќе и повеќе игри, со што се зголемува побарувачката самите игри да се издвојат за да бидат забележани. Најновите бројки што ги прочитав е дека 50 игри излегуваат на Steam секој ден, што е многу!

На програмерите им е тешко да ги оправдаат тие очекувања. Кога ќе објавите игра денес, има очекувања од гејмерите да продолжите да работите на играта и да објавувате ажурирања долго време.

Сепак, дури и ако вие, како развивач, навистина САКАТЕ да продолжите да работите со ажурирање на играта (бидејќи повеќето програмери навистина сакаат да ја направат најдобрата можна игра), честопати може да биде невозможно ако играта не биде забележана и не генерира доволно продажба рано. Едноставно не можете да плаќате на програмерите и да продолжите да работите на играта ако не ви остануваат пари по објавувањето на играта и ако таа не генерира продажби.

И, бидејќи е речиси невозможно да се добие надворешно финансирање од издавачи или инвеститори за континуиран развој на игра која финансиски не функционира добро, повеќето програмери немаат друг избор освен да бараат средства за нов проект за игра, само за да го одржат студиото во живот.

Дали очекуваш 2025 да донесе повеќе игри од 2024?

Гораст: Игри ќе има и најавени се, но квалитетот е дискутабилен. Јас имам впечаток дека оној тренд на масовно купување на (по)мали студија и нивно затворање без никој да има право на глас завршува или заврши. Мислам дека сега сѐ повеќе студија стојат зад тоа што го работат и не се даваат по секоја цена на притисокот од стејкхолдерите и вжештените глави кои одлучуваат за играта.

Лина: Индустријата за игри е посилно погодена од кога и да е, со неверојатен број отпуштања во индустријата за игри во последните неколку години. Тоа не само што влијаеше на студиата за игри, туку и на издавачите и инвеститорите, а кога ќе има малку пари, ќе бидат потпишани и финансирани помалку проекти, особено високоризични иновативни проекти и нови IP. Се чини дека работите полека се менуваат на подобро, па се надевам дека наскоро ќе наидеме на пресвртница.

Мислам дека ќе видиме бавен почеток на 2025 година, со помалку игри од среден до голем размер. Како резултат, помала би била бројката на игри засновани на нови ип, а повеќе на веќе воспоставени ип. Треба да се појават и помали игри кои се целосно независно финансирани. Се надеваме дека ќе почнеме да гледаме повеќе нови возбудливи ип во доцната половина на 2025 година, кога индустријата за игри ќе почне повторно да се стабилизира.

Дали очекуваш поголемо интегрирање на вештачка интелигенција во игрите за подобрување на искуството на играчите?

Гораст:  види 2 😊

Лина: Како што беше споменато во претходното прашање, верувам дека вештачката интелигенција доаѓа и таа е тука да остане, во добро или во лошо, без разлика дали ни се допаѓа или не. Мислам дека за гејмерите оваа нова технологија ќе значи многу повеќе и ќе допринесе кон нови возбудливи игри. Со помош на вештачка интелигенција, еден развивач или помало студио може да создаде не само понапредни игри, туку и работи надвор од нивниот сет на вештини.

Како уметник, можам да ја искористам вештачка интелигенција да помогне во пишувањето код, без да ангажирам кодер. На тој начин, можам да го реализирам мојот сопствен проект од соништата што ќе го споделам со светот. И како дизајнер или кодер, исто така, можам да добијам помош за создавање работи каде што ми недостасува искуство. Така, мојата претпоставка е дека ќе видиме повеќе уникатни проекти направени од помали тимови, кои можат да играат со нивната креативност со помалку граници.

Јас како гејмер мислам дека ќе биде многу возбудливо да се види што смислуваат луѓето, кога тие не се ограничени од нивните сопствени вештини, туку од нивниот креативен ум!

Прочитај повеќе на IT.mk/2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments