Facebook ја има својата најтешка години или брем една од најтешките години од почетокот на своето постоење. Поради ова беше важно компанијата да има некакви позитивни вести на F8.
Конференцијата започна со говорот на Марк Закерберг. Секако не можеше да помине без да биде спомнат скандалот со приватностa. Г. Закерберг најави дека компанијaта работи на пронаоѓање на сите апликации кои собирале податоци од корисниците. Потоа ќе започнат со проверување на тоа дали некоја од компаниите ги злоупотребува овие податоци и ќе направат проверка со независни експерти.
Можеби најважниот нов додаток е можноста за бришење на целокупната историја на податоци кои Facebook ги собрал за вас. Ова за прв пат се однесува и на бришење на податоците кои друштвената мрежа ги собира додека сурфате по други страни. Алатката ќе биде наречена „clear history“ и ќе овозможува не само да ги избришете овие податоци, туку и да видите која од страниците ги собира. За жал, ова не значи дека компанијата ќе престане да ги собира овие податоци, но барем податоците ќе бидат анонимизирани пред да дојдат до огласувачите.
„Кога ќе ја исчистите вашата историја или ќе ги промените нагодувањата ќе ги анонимизираме податоците така што овие сетови нема да можат да бидат поврзани со вас. Ќе продолжиме да обезбедуваме аналитика за апликациите и веб страниците – на пример, ќе им праќаме податоци на развивачите дали апликацијата е попопуларна кај мажите или жените и кај која старосна група. Ова може да го правиме и без да ги чуваме податоците поврзани со вашиот“.
Уште малку за лажните вести
Ако скандалот со Cambridge Analytica беше темата која не можеше да се прерипа, тогаш лажните вести овој пат можеби и можеа. Сепак од Facebook сакаа да покажат како планираат да се справат со вестите во иднина.
Решението ќе биде паралелно споделување на информациите. Така, кога ќе видите некоја вест од непознат издавач, паралено со неа Facebook ќе ви презенитра што за неа велат медиумите кои се покажале како поверодостојни. Колку и дали ова ќе профункционира останува да видиме.
Facebook Dating
Најновата функционалност на друштвената мрежа е можност за прoнаоѓање на партнер. Платформата ќе биде сосем анонимна и нема да биде јавно поврзана со ниту еден дел од друштвента мрежа.
Она што ќе го направат од Facebook e да помогнат овие средби да се случат малку поедноставно. На пример, ако сте го отклучиле „dating“, Facebook ќе ви овозоможи да отклучите верзија на настаните (events) кои се одржуваат околу вас. Станува збор за одделена верзија на настанот во која друштвената мрежа ги покажува сите кои бараат партнер преку нејзе. Тука ќе бидат прикажани другите корисници на платформата кои ја имаат активирано „Facebook Dating“, и ќе можат да комуницираат во група. Дополнително, ќе биде овозможена и комуникација еден на еден преку сервис кој не е поврзан ниту со WhatsApp, ниту со Messenger. Она што мора да се истакне е дека овој дел од платформата ќе биде приватен и невидлив за пријателите.
Од Facebook најавија дека целта на платформата е колку може да го имитира одењето на состанок надвор од дигиталниот свет. Се чини дека развојот е во рана фаза, па повеќе податоци би имале во иднина.
Виртуелна и проширена реалност
Можеби најдобрата вест не дојде од софтвер дивизијата на друштвената мрежа. Г. Закерберг објави дека најавениот сет за виртуелна и проширена реалност започнува со продажба.
Oculus Go е самостоен уред кој ќе може да се користи за куп поврзани функционалност на Facebook. Г. Закербег најави дека веќе се достапни 1000 апликации, а хардверот вграден во GO е подобар од било кој мобилен сет за виртуелна реалност.
Сетот генерално и не е замислен како Oculus Rift или HTC Vive. Наместо ова, виртуелната реалност на Facebook е послична до мобилните уреди. Со таа разлика што Oculus Go е самостоен уред и ќе ги замени и очилата за виртуелна реалност и телефоните кои вообичаено се сместуваат во нив.
Без сомневање, најдобрата вест е поврзана со цената, за само 200 долари виртуелната реалност ќе биде достапна насекаде и речиси кога сакате.
Кога сме кај апликациите за проширена и виртуелна реалност, тука можеби ја видовме и најимпресивната функционалност на F8. Г. Закерберг објави дека со помош на неколку фотографии, сетот ќе може да рекреира било која локација. Во примерот кој тој го искористи зборуваше за детската соба од детството, но нема причина зошто да нема можност за рекреирање на било која друга околина.
Според најавата Oculus доаѓа со со дисплеј со резолуција 2560×1440 и процесор базиран на Qualcomm Snapdragon 821. Иако не беа најавени има две верзии: со 32 и со 64 GB слободен простор.
Накратко
Настанот беше одлична можност да се потсетиме колку порасна друштвената мрежа последниве години. Facebook можеби започна како идеја на студент, но денес е речиси паралелен интернет.
Компанијата во сопственост ја има најголемата апликација за текст разговор WhatsApp, но и Messenger, но и уште една друштвена мрежа преку Instagram. Полека, иако и не многу полека, но сигурно, Facebook започнува да „голта“ цели делови од интернет. Ако до пред неколку години компанијата започна да издава содржини (и да тврди дека не е издавач). Сега ќе започнат и да додаваат нова функционалност од типот на сервис за состаноци. Најголемиот проблем на овие сервиси е што Facebook ги познава своите корисници подобро од нив, па можеби наскоро овие сервиси ќе престанат да постојат надвор од друштвената мрежа.
Можеби најдобар показател за тоа колкав е Facebook е што платформата сега има и паралелен „исчисти колачиња“ дел преку „Clean history“.