Гејмерите ја пренесуваат состојбата на свеста од играта во реалниот свет

во Свет

Спопред истражувањата кои ги направија универзитетите во Нотингем, од В. Британија и Стокхолм, Шведска, одредена група на играчите на видео игри ја задржуваат гејминг состојбата на свеста и по завршувањето на играњето. Некои од гејмерите се толку внесени во играњето што ги префрлаат искуствата во реалниот свет. Истражувачите овој феномен го нарекле „Game Transfer Phenomenon”  или скратено „GTP”.

Во најексремните случаи играчите тврделе дека барале „search“ копче, копче за зачувување на состојбата или дека гледале „energy bars“ над главите на луѓето. Некои од испитаниците тврдат дека чуствувале потреба да ги кликаат копчињата на контролерите дури и кога не им биле во раце. Половината од испитаниците рекле дека често сакаат да искористат делови од играта за да им помогнат со проблеми кои ги имаат во животот.

Најголемиот дел од испитаниците известиле дека по претерано играње, ги „гледаат“ менијата од игрите,  еден од нив изјавил дека „гледал“ листа на можни одговори откако бил навреден, а друг дека „гледа“ менија со теми за кои би размислувал.

Според професорот Марк Грифитс, кој е еден од авторите на ова истражување, ова е прв обид да го истражат овој феномен во кој делови од виртуелна реалност од игрите човечкиот мозок ги префрла во реалноста. Според него сите испитаници пријавиле некој вид на нарушување на реалноста.Ефектите на овој феномен се намалувале кога испитаниците ќе го намалувале времето кое го поминувале играјќи. Во зависност од времето поминато во играње и од интензитетот на играњето, се зголемуваат можностите за вакви чудни искуства. Сепак сите испитаници кои одговориле на прашањето за границата помеѓу реалниот и виртуелниот свет кажале дека биле свесни кога играат а, кога се во вистинскиот свет.

Според  истражувачите, иако ова испитување е врѓено на мал број примероци (испитувани се 42 играчи на возраст од 15 до 21 година) сепак резултатите од тестовите се јасни и загрижувачки. Трендот на повторување на истите симптоми кај сите испитаници можеби покажува дека предолгото и интензивно играње може да доведе до сериозни психолошки проблеми, емотивни пречки или пречки во одесувањето. Ова може да им донесе сериозни проблеми на производителите на видео игри, родителите и творците на легислативи, психолозите и здравствените работници, додаде професорот Марк Грифитс.

Според критичарите ова сепак е уште едно истражување во кое селективно се толкуваат резултатите. Најголем број од нив се согласуваат дека предолгото играње е штетно, но сепак овој заклучок е точен за сите активности во кои се претерува. А на тоа дали човечкиот мозок прелесно се навикнува на автоматизирани реакции,  па се прилагодува и составува атмосфера во која лесно сме се снашле последниот пат одговорот можеби ќе го добиеме во некое ново истражување.

Научниот труд од ова истражување ќе биде издаден во International Journal of Cyber Behaviour, Psychology and Learning.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
thjdm
14 years ago

Лелеее, уште едно пропагандистичко „истражување“ против видео игрите. Дејан немој со вакви работи.

Ова само за на FOX NEWS, ако го немаат и веќе дадено.

pero
pero
14 years ago

Најголем број од нив се согласуваат дека предолгото играње е штетно, но сепак овој заклучок е точен за сите активности во кои се претерува.

najvazna recenica u celio tekst