Linux нема да може да се бутира на компјутери со Windows 8?

во Софтвер

Откако Microsoft на својата конференција Build го претстави Windows 8 многумина со нетрпение го очекуваат новиот оперативен систем. Mеѓутоа оние што користат два оперативни системи нема да бидат многу задоволни со новата политика на Microsoft, според која Linux нема да може се крене на оние компјутери кои имаат Windows 8.

Според Linux девелоперот Метју Герет, Microsoft бара од сите произведувачи кои сакаат да го имаат логото на Windows 8 на своите производи да оспособат UEFI (Unified Extensible Firmware Interface) безбедно бутирање. Според новите спецификации на UEFI, за да може оперативен систем да работи потребно е да има потпишан клуч во системскиот фирмвер. Па така доколку инсталирате графичка картичка која нема потпишани драјвери, или пак има драјвери кои се потпишани од клуч кој не се наоѓа на системскиот фирмвер, нема да имате графичка поддршка во системскиот фирмвер.

Секој компјутер кој ќе има оспособено безбедно бутирање нема да може да бутира Linux, ниту пак неодобрени верзии на Windows 8. Со ова Microsoft планира да се бори против пиратеријата на новиот оперативен систем. Единствена позитивна работа од ова е тоа што нема да биде возможно да се бутираат злонамерни програми на оперативниот систем.

Со оглед на тоа дека има уште многу време до лансирањето Windows 8, Метју Герет во својот блог изјавува дека сега за сега нема потреба од паничење, меѓутоа сепак треба да си биде загрижен. Microsoft сè уште ги нема коментирано наодите на девелоперот Метју Герет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
filip
filip
12 years ago

ne mi e jasbi a VMware da li bi mogalo da se aktivira

Трајанчо
Трајанчо
13 years ago

икспе си е икспе.

Meto
Meto
13 years ago

Mozebi e resenie za 500 denari da se kupi edna polovna 40-ka HDD i a nea da se stavi Linux. Kolku sto razbrav od tekstov izgleda dual boot-ot nema da funkcionira no so biranje na HDD-to od koe ke se krene sistemot verojatno nema da ima problemi

LitilDivil
LitilDivil
13 years ago

Аман од овие мајкрософт…+ за гостинот

Гостин
Гостин
13 years ago

Мек, Линукс!!! Ко другоме јаму копа сам у њу пада!

Кико
Кико
13 years ago

Ќе му го скројат палтото и на осмицата, само треба да почекаме ;)) Ако не, сите ќе останат на 7 или на мак

асд
асд
13 years ago

Ако нема пиратерија, Apple ќе се крени многу и мајкрософт полека ќе умира

види ги сите огласи на kariera.it.mk