1 коментар 2 мин. читање 23 јули, 2013

Не мора да прекинете со работа за да ги прочитате вестите; слушнете ги со SoundGecko

SoundGecko е сервис за мултитаскери. За тие Android, Windows Phone и iOS корисници кои немаат време да ги дочитаат вестите кои ги интересираaт бидејќи имаат друга работа, возат, готват или се зафатени со обврски кои не им дозволуваат да читаат од екранот.

SoundGecko e мобилна апликација која го претвара текстот во говор, и која ви ги чита најновите вести од светската политика, технологијата, бизнисот и другите интереси. Тоа што е добро кај SoundGecko е што не мора да одбирате од партнерските медиуми, туку може да си додадете ваша содржина од било кој сајт. Тоа што е лошо е што мора да биде на англиски. Сервисот има букмарклет за Chrome со кој додавате свои вести на апликацијата (или и ги испраќате преку имејл) кои подоцна може да ви бидат прочитани – на женски или машки глас – додека шетате или правите нешто по дома. Технологијата лесно ги препознава сите зборови во текстот, единствено што може да биде проблем е што понекогаш ги чита и насловите на фотографиите во текстот, или дополнителните белешки.

Се работи за одличен сервис, па разбирливо е што не е комплетно бесплатен. Ако го користите без да платите ќе имате ограничувања на 30 додадени текстови на ден. Текстовите имаат максимално ограничување од 4.000 зборови, а ако сакате повеќе ќе треба да се претплатите за 3 долари месечно.

[youtube]5n_sJ9rKyGg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ацко
ацко
12 years ago

Апликацијава за андроид е бесплатна :D

Мени
Заедница
Изглед
To top