Freedom House: „Mанипулациите со друштвените мрежа ја поткопуваат демократијата“

Податоците кои ги сподели Freedom House покажуваат дека владите во 18 држави самите ширеле дезинформации на друштвените мрежи. Цел на дезинформирањето во дел од овие случаи е влијание врз граѓаните.

За оваа цел не се бираат средства. Државите користат сè, од платени коментатори до ботови.

Главна вест оваа година можеби е евентуалното руско влијание на изборот на Доналд Трамп за претседател. Сепак, државите и самите ги дезинформираат своите граѓани. Манипулациите и дезинформирањето имаа значајна улога во изборите во барем 18 држави.

Иронично, ако друштвените мрежи и интернетот до пред неколку години беа сметани за алатки преку кои може да комуницираат дисидентите, денес друштвените мрежи се главна алатка за нивно замолчување.

„Владите сега ги користат друштвените мрежи за да го потиснат незадоволството и да продолжат со недемократска пракса. Не само што овие манипулации се тешки за откривање, туку и борбата против нив е потешка отколку со останатата цензура, пример блокирање на веб-страници. Главна причина за ова е дисперзираноста и бројот на луѓе и ботови кои се користат да го прават ова“, вели Сања Кели од Freedom of the Net.

Дури 30 држави од 65 кои ги следи Freedom of the net, манипулирале со јавното мислење. Државите кои ги следат се дом на 87% од светското население. На 23 влади од минатата година им се приклучиле 7 нови кои користат ботови, коменатори, страници со лажни вести и тролови.

Можеби овие методи започнале од Русија и Кина, но денес ги користат многу повеќе држави. Филипините ги користат за лажно да ја зголемат перцепцијата за поддршка на методите кои ги користи Родриго Дутерте. За Турција има вести за трол фарми од 6.000 вработени кои ги напаѓаат противниците на власта.

Најголема злоупотреба има во Кина, а потоа следат Сирија и Етиопија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments