0 коментари 1 мин. читање 16 ноември, 2017

Google Maps со нов редизајн

Google редизајнира неколку делови од Google Maps. Компанијата објави дека има промени во возењето, навигацијата, превозот и истражувањето на мапите. Ова е прилично голем дел од мапите, па измените се лесно забележливи.

Променети се маркерите на  мапите, па сега е многу полесно за снаоѓање на нови локации. Рестораните и местата со храна се означени со поинаков маркер од црквите или музеите. Ова ќе им помогне на корисниците кога се во непознат реон полесно да се снајдат, вели Google на блогот. Google креираше листа на бои која полесно ќе им покаже на корисниците кои ознаки што одбележуваат.

Промените доаѓаат во Google Maps, но и во сите сервиси на Google кои ги користат мапите. Во следните недели промените доаѓаат на Assistant, Search, Earth и Android Auto.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top