Француски стартап доби 4,5 мил. долари за водоотпорна камера за видео од 360 степени

во Хардвер

Францускиот стартап Giroptic успеа да собере 4,5 милиони долари кои ќе им помогнат за популаризација на нивната 360 камера. Сѐ поголемиот број на платформи предводени од YouTube, па сѐ до Oculus Rift, сега поддржуваат 360-видео бидејќи корисниците сакаат да гледаат детални панорами од сите агли, иако потребното пост-процесирање и камерите можат да бидат скапи.

Еден од интересите на инвеститорите е што Giroptic цели да понуди достапна камера за сите, по цена од 500 евра што ја прави нешто поевтина од конкурентите. Друга предност секако е што Giroptic може да му конкурира на авантуристичките GoPro бидејќи 360cam е минијатурна и водоотпорна камера; овозможува Wi-Fi стрим, 4К фотографија и 2К видео. Снимање на видео и фотографија во простор е овозможено со технологијата изработена од стартапот која од трите камери креира една слика. Како и сите паметни уреди и оваа камера доаѓа со апликација за паметен телефон која овозможува лесно фотографирање и контрола. 360cam може да се користи и како видео надзор. Прототипот на камерата е достапен веќе една година, а како изгледа видео снимено со 360cam може да видите подолу.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk